• Вежбај е-испити на својот телефон

    Вежбај е-испити на својот телефон

    Положи го теоретскиот испит од првпат! Симни
     ја АМСМ мобилната ......

    повеќе...

  • Бесплатно АМСМ Light членство

    Бесплатно АМСМ Light членство

    Сите кандидати во Авто Школа Мобилити на
    возраст од ......

    повеќе...

Теоретска обука


Теоретската обука во Авто Школа Мобилити ја изведува висококвалификуван предавач по теоретска настава, кој во своето долгогодишно работно искуство обучил повеќе од 3.000 кандидати.

За потребите на теоретската обука, Авто Школа Мобилити располага со модерно опремена и целосно комјутеризирана училница, во која со помош на различни помошни средства кандидатите полесно го совладуваат материјалот и соодветно се подготвуваат за полагање на испитот за познавање на теоретските сообраќајни правила и прописи.

Целокупниот наставно-едукативен материјал и сите потребни учебници и литература за теоретскиот испит Ви се достапни во Авто Школа Мобилити. 


Практична обука


Практичната обука во Авто Школа Мобилити, која се изведува на најсовремени, климатизирани и комплетно опремени возила: Volkswagen Polo, Toyota Yaris, Mazda 2, Suzuki Alto, Hyundai i10, ќе Ви помогне за најдобра проценка во сите идни сообраќајни ситуации и ќе Ви овозможи самоуверено, безбедно и сигурно урбано возење.

Се што Ви е потребно:
- Лекарско уверение и прва помош, кои можете да ги извадите организирано со посредство на Авто Школа Мобилити и
- Валидна лична карта.

Пријавете се и започнете го урбаното возење веднаш!



Што се е вклучено?

 - Обука за А категорија  - 16 мото часа

 - Обука за А1 поткатегорија                                  
 - 16 мото часа           
 - Обука за Б категорија
- 36 мото часа
 - Обука за Б+Е категорија
 - 8 мото часа
 - Обука за Ц категорија
 - 20 мото часа
 - Обука за Ц+Е категорија
 - 8 мото часа
 - Обука за Д категорија
 - 16 мото часа
 - М категорија
 - теоретска обука

Положете од прв пат со е-испити



Прирачник за полагање на возачки испит